Општи услови за користење

Компанијата ЈАСС ДООЕЛ обезбедува интернет-услуги преку својата веб-страница на доменот bioorganica.mk, преку World Wide Web интернет-мрежата. Услугата се состои од обезбедување на сервисни информации, управување со содржини и вршење на финансиски трансакции.

Општите услови за користење пропишуваат услови и правила за крајните корисници и се поврзани со користење на веб-страницата bioorganica.mk. Со посетата на оваа веб-страница крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со овие Општи услови за користење, со другите политики наведени на оваа веб-страница и се согласуват да ја користат веб-страницата bioorganica.mk во согласност со овие Општи услови за користење. Правото на користење на веб-страницата е лично право на крајниот корисник и не може во никој случај да се пренесе на други физички или правни лица или било кој корисник овластен да потпишува други поединци или правни лица.

Крајниот корисник е запознаен со фактот дека понекогаш се случува прекин на услугите, или за настани кои се надвор од контролата на ЈАСС ДООЕЛ и се согласува дека компанијата ЈАСС ДООЕЛ не е одговара за било каква загуба на податоци што може да се случи за време на преносот на информациите преку интернет-мрежата. Крајниот корисник се согласува и прифаќа дека пристапот до интернет понекогаш може да биде прекинат, привремено недостапен или исклучен.

Компанија ЈАСС ДООЕЛ го задржува правото, без ограничување, во секое време да ги менува или прекине податоците во било кој сегмент на бизнисот, вклучувајќи ја и содржината и опремата потребна за пристап или употреба на оава веб-страница. Исто така, компанијата ЈАСС ДООЕЛ може да престане да испраќа информации, или било кој друг тип на информации, може менува или да прекине на било кој начин пренос на податоци и може да ја промени брзината на пренос на податоци, како и сите други карактеристики. Со користење на веб-страницата крајниот корисник се согласува дека е запознаен и се согласува со овие Општи услови за користење. Компанија ЈАСС ДООЕЛ на крајните корисници им препорачува ако со овие Општи услови за користење не се согласуваат, или ако се помлади од 14 години, да се воздржат од користење на ова веб-страница.

Ова веб-страница е во приватна сопственост. Сета меѓусебна комуникација и интеракција која се одвива преку веб-страницата треба да биде во согласност со Општите услови за користење. Крајните корисници не треба да ја користат оваа веб-страница за да објават или да пренесуваат било какви материјали кои се со заканувачка содржина или на кој било начин ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, со навредливи, клеветнички пораки или ја крши приватноста, како што е вулгарен, неприличен или на друг начин непристоен во комуникацијата, кој ги охрабрува нелегалните активности или на друг начин ги кршат прописите. Крајниот корисник не треба да ја користи ова веб-страница за рекламирање или да изврши кој било комерцијален, религиозен, политички или не-комерцијален публицитет. Сите материјали содржани на ова веб-страницата се ексклузивно право на компанијата ЈАСС ДООЕЛ, или се користат со дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко (административно) поврзување, или на друг начин модифицирање на ова веб-страница без изречна писмена согласност на ЈАСС ДООЕЛ е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршувањето на Општите услови за користење може да доведе до покренување на судска постапка и/или гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак или други права на интелектуална сопственост.

Не е дозволено копирање, редистрибуција, реемитување, објавување или комерцијална експлоатација на превземениот материјал без предходна писмена согласност од ЈАСС ДООЕЛ или носителот на авторските права. Крајниот корисник не смее на ова веб-страница да поставува, објавува или на друг начин става на располагање било какови материјали кој е предмет на авторски права, заштитен знак или други права на интелектуална сопственост, без директна согласност на носителот на тие права. Компанија ЈАСС ДООЕЛ не е обврзана да го извести крајниот корисник, или да му помогне да се утврди дали материјалот е предмет на авторски права. Крајниот корисник е исклучиво одговорен за било каква штета што може да резултира од прекршување на авторски права, заштитен знак и друга злоупотреба на правата на интелектуалната сопственост, или било кои прашања кои произлегуваат во врска со објавувањето на таквиот материјал.

Крајниот корисник е лично одговорен за одржување на приватноста на корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во неговиот компјутер и се согласува да ја превземе одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со неговото корисничкото име и лозинката. Продажба на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на оваа веб страница со придружба на родител или старател, кој е одговарен за плаќањето.

Компанија ЈАСС ДООЕЛ го задржува правото во секое време, и без претходна најава, ако смета дека е потребно, да откаже или модифицира било кој дел од од овие Општи услови за користење и/или од Политиката за заштита на личните податоци, Политиката за испорака на производите, Политиката за рекламација. Поради ова, се препорачува на крајните корисници од време на време повторно да го прочитаат информациските содржани во овие Општи услови за користење како и во Политиката за заштита на личните податоци, Политиката за испорака на производите, Политиката за рекламација, за да бидете благовремено информирани за ваквите промени. Континуирана употреба на веб-страницата се смета дека крајниот корисник се согласува со новите изменети на Општите услови за користење, Политиката за заштита на личните податоци, Политиката за испорака на производите, Политиката за рекламација. Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на интернет и сите поврзани трошоци. Компанија ЈАСС ДООЕЛ не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник кои можат да произлезат со користењето на интернет.

Во никој случај компанијата ЈАСС ДООЕЛ нема да биде одговорен за било каква штета што може да резултира од употреба или од неможноста да ја користите оваа веб-страница. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека овие Општи услови за користење се применуваат на целата содржина на веб-страница. Компанијата ЈАСС ДООЕЛ нема да биде одговорна за грешки, неточности, или други дефекти, несоодветности или неизвесности, на информациите содржани на оваа веб-страница, како и за било какво одложување или прекин во преносот на информации до крајниот корисник за какви било штети или загуби кои произлегуваат од тоа.

Компанија ЈАСС ДООЕЛ го задржува правото да модифицира, адаптира, променува, врши бришење или отстранува било која содржина што ќе смета дека е несоодветна. Компанијата ЈАСС ДООЕЛ го задржува правото да ги прекине веднаш било кои лозинки или сметки на корисникот во случај на несовесно однесување или непочитување на овие Општи услови за користење од страна на крајниот корисник.

ЈАСС ДООЕЛ овозможуваме највисока сигурност и безбедност на веб-страницата. Меѓутоа, не може да гарантира дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што крајниот корисник би биле засегнат. Крајниот корисник се согласува да ја употребувате оваа веб-страница на сопствен ризик. Не обезбедуваме гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб-страница.

Сите цени се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за испорака. Трошоците за испорака се прикажуваат во кошничката пред потврдување на нарачката.

За сите производи направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, компанијата ЈАСС ДООЕЛ не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен не е во согласност со описот, право на крајниот корисник е да го врати неоштетен и неупотребен. Компанијата ЈАСС ДООЕЛ не е одговорна за точноста или веродостојноста на секое мислење, совет, изјава или текст објавен на веб-страницата bioorganica.mk. Под никакви околности компанијата ЈАСС ДООЕЛ нема да биде одговорна за било какви загуби или штети кои произлегуват од она што крајниот корисник се потпира на информациите добиени преку веб-страницата bioorganica.mk. На крајниот корисник лежи одговорноста да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или други содржини достапни преку веб-страницата bioorganica.mk.

Bioorganica.mk е регистриран домен на компанијата ЈАСС ДООЕЛ. Седиштето на компанијата ЈАСС ДООЕЛ е во Скопје на Бул. “АСНОМ” бр. 18 локал 2.

Евентуални спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на веб-страницата се во надлежност на судот во Скопје.