Природен производ врз база на етерични масла на здравец (Rose geranium „Pelargonium graveolens“), лимонова трева (Citronella cymbo-pogon nardus), лаванда (Lavandula angustifolia), егзотична вербена (May Chang „Litsea cubeba“) и нане (Mentha piperita).
МАПЕЗ спрејот е мешавина на нетоксични, неиритирачки и ефикасни природни етерични масла. Погоден е за употреба и кај најмалите деца од првите денови на животот. Посебниот мирис на неговите природни состојки е пријатен за луѓето, а непријатен за инсектите. Со нанесување на кожата се формира природна бариера која ги одбива комарците, мувите и другите инсекти.
Ја негува и хидрира кожата.
МАПЕЗ спрејот е БЕЗБЕДЕН И НЕТОКСИЧЕН. Не содржи алкохол.
Само за надворешна употреба. Да се чува надвор од дофат на деца, на темно и суво место. Да не се нанесува на оштетена или огребана кожа. Не се препорачува да се применува во случај на алергиска реакција на било која состојка на производот.
ПРОИЗВОДИТЕЛ

Коментари и оценки
За овој производ сè уште нема коментари и оценки.