Пребарај


Напредно пребарување
0 Производи - 0,00 ден.
Покажи кошничка
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА
за нарачка над 2.000 денари
Биди информиран

Сертифицирани органски 100% памучни тампони - СУПЕР (Код: 570)

Share
Novo
Сертифицирани органски 100% памучни тампони - СУПЕР

Тампоните на Natracare се создадени како директен одговор на здравствената и еколошка загриженост од загадувањето со диоксин предизвикано од белењето со хлор, од преголемата употреба на пестициди во конвенционалното одгледување на памукот и употребата на рајон и други синтетички материјали во тампоните.

 
Тампоните се целосно органски сертифицирани согласно Светскиoт стандард за органски текстил „GOTS“ („Global Organic Textile Standard“)

Многу жени не се свесни дека рајон и мешавина на рајон и памук се користи во производството на тампони. Рајонот најчесто е белен со хлор и е со високо апсорбентни влакна кои брзо ја апсорбираат менструалната крв, но во исто време може да ја исуши природната заштитна мукозна слузница на вагината.
 
100% органски памук - без белење со хлор- без рајон - биоразградливи
 
Диоксинот е токсичен канцероген кој е нуспроизвод на сите методи на белење со хлор и се наоѓа во животната средина во различни нивоа, како нуспроизвод од прскање со пестициди и загадување од печките. Диоксинот трајно се таложи во масните клетки на животните, вклучувајќи ги и луѓето и затоа жените треба да бидат сериозно загрижени. Објавените научни извештаи покажаа дека и ниските нивоа на диоксин може да се поврзат со појавата на рак, ендометриоза, намалување на бројноста на сперматозоидите и намален имунитет. Со оглед на тоа дека жената во нејзиниот живот може да употреби 11.000 тампони, таа дополнително е изложена на диоксин.
 
Тампоните на Natracare целосно се изработени само од сертифициран органски 100% памук и се први во светот целосно сертифицирани органски памучни тампони. Тие не се белени со хлор и жените може да се уверат дека тие не содржат синтетички материјали, како што се рајон или хемиски додатоци како лепила или сурфактанти. Сертифицираниот органски памук го отстранува ризикот од директна изложеност на остатоци од хемиски пестициди и вештачки ѓубрива кои се користат при одгледување на традиционалниот памук.
  • Без парфеми, масла, пластика или синтетички материјали
  • Биоразградливи и „compostable“
  • Спакувани во рециклирани картонски кутии

Бренд: NATRACARE
Цена: 225,00 ден.
Вклучен 18 % ДДВ плус испорака
Пакување: 10 париња
Количина: 

Copyright MAXXmarketing Webdesigner GmbH

Во моментов...

Имаме присутни 198 гости и нема членови