Пребарај


Напредно пребарување
0 Производи - 0,00 ден.
Покажи кошничка
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА
за нарачка над 2.000 денари
Биди информиран
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
 
Добредојдовте во Bioorganica.mk
 
Со Вашиот влез во е-продавницата, се согласувате со условите за користење објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно.
 
Заштита на лични податоци
Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за заштита на лични податоци, објавена на страница.
 
Електронска комуникација
Со Вашата посета на Bioorganica.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна ќе добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата. Со регистрацијата добивате можност за известувања за попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме испратете порака со Вашата е-адреса.
 
Корисничко име и лозинка
Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во Вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име или лозинка. Продажба на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на Bioorganica.mk со придружба на родител или старател, кој е одговарен за плаќањето.
 
Употреба
Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме Вашите лични податоци за:
- Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате,
- Решавање на спорови или решавање на проблеми,
- Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности,
- Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата,
- Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.
 
Коментари, прегледи и друга содржина
Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. Bioorganica.mk го задржува правото да ги отстрани тие пораки.
 
Опис на производот
За сите описи на производите направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, Bioorganica.mk не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од Bioorganica.mk не е во согласност со описот, Ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.
 
Цени
Сите цени се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за испорака и плаќање.
 
Ограничување од одговорност
Bioorganica.mk овозможува највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати.Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.Bioorganica.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница.
 
Законски одредби
Со посетата на Bioorganica.mk се согласувате со овие услови за користење, политиките спомнати во овие услови за користење и со сите релевантни закони на Република Македонија.
 
Политики и измени
Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. Bioorganica.mk го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и условите за користење во било кое време.
 
Сопствен на Bioorganica.mk е ЈАСС дооел од Скопје
Адреса:
ЈАСС дооел Скопје
Бул "АСНОМ" бр. 18 локал 2, Скопје
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел. 02/240 30 30
факс: 02/240 30 29

Во моментов...

Имаме присутни 54 гости и нема членови