Пребарај


Напредно пребарување
0 Производи - 0,00 ден.
Покажи кошничка
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА
за нарачка над 2.000 денари
Биди информиран
Политика за заштита на личните податоци
 
Ви благодариме за посетата на нашата веб страница. Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата на ЈАСС дооел Скопје, www.bioorganica.mk и се појавува на дното од страницата. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени.
 
Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана.
Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци.
 
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
 
Забелешка: долунаведените објави во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.
 
 
Прибирање на информации
 
Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за цели на исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да ве додадеме на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.
 
 
Заштита на Вашата сметка
 
Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности водени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и сменете ја лозинката.
 
 
Cookies/Колачиња - Технологија на следење
 
Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.
 
 
Давање лични податоци на користење
 
Само врз основа на закон вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:
1. Забрането или побарано со Закон;
2. Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;
3. Истрага на измама која веќе се случила.
Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели.
 
 
Обврска за тајност и заштита на личните податоци
 
Вашите лични податоци безбедно се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и се заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
 
 
Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица
 
Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Bioorganica.mk никогаш намерно нема да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.
 
 
Информации за политиката за заштита на личните податоци
 
Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите на нашата е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
 
Објава на промени
 
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци ќе бидат напишани тука и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Во моментов...

Имаме присутни 67 гости и нема членови