Пребарај


Напредно пребарување
0 Производи - 0,00 ден.
Покажи кошничка
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА
за нарачка над 2.000 денари
Биди информиран
КАКО ДА НАРАЧАM?
 
Одберете ја категоријата производи од која сакате да нарачате (подоцна, по желба, може да се вратите и да одберете друга категорија). Категоријата можете и директно да ја одберете од левото мени.
 
Ќе се отвори страна со производите што припаѓаат на соодветната категорија.
 
Одберете го производот што Ве интересира и кликнете на текстот „Во кошничка“. Со кликнување на текстот „Во кошничка“ одбраниот производ е ставен во Вашата кошничка,
или
Одберете го производот што Ве интересира и кликнете на текстот „ Повеќе... “ за да прочитате повеќе информации за саканиот производ. При приказ на производот, кликнете на текстот „Во кошничка“. Со кликнување на текстот „Во кошничка“ одбраниот производ е ставен во Вашата кошничка.
 
За повеќе производи повторете ја постапката. Кошничката ги чува сите информации за производите што сте ги одбрале.
Кога ќе завршите со одбирањето производи, испод менито од десната страна, кликнете на текстот „ Покажи кошничка“ и ќе се појави страна каде можете да ги видите производите кои се ставени во кошничката со содветна цена и количина. Сега можете да ја измените количината на одбраните производи или да избришите (отстранете) одреден производ.
 
Доколку производите кои се во кошничката сакате да ги нарачате кликнете на текстот „ Продолжи кон испраќање нарачка“.
Ако сте регистриран корисник, ќе може овде да се најавите со вашето корисничко име и лозинка, а доколку сте веќе најавени, продолжите со одбирање „Адреса за испорака‘.
 
Ако не сте регистриран корисник, овде можете да се регистрирате, следејќи ги напаствијата за регистрација на нов корисник, со што ќе добиете корисничко име и лозинка, кое е потребно за понатамошно процесирање на нарачката.
 
 
Одберете Адреса за испорака:
 
Пополнете ги соодветно полињата. Доколку сакате друга адреса за испорака (различна од она наведена во регистрацијата) одберете опција „Да“ после текстот „ Друга адреса за испорака“. Полињата означени со „*“ се задолжителни за пополнување. Потоа кликнете на сликата со текст „ПРОДОЛЖИ“.
 
 
Одберете Начин на плаќање:
 
1. Плаќање во готово при испорака (+50,00 ден.) - значи дека фактурата за нарачката ќе ја платите на курирот кој ќе Ви ја донесе стоката. За оваа услуга се наплаќа 50,00 денари.
 
2. Претходно плаќање со уплатница - на уплатница ПП10 ги пополнувате потребните податоци, уплаќате електронски или во најблиската банка или пошта. Копија од уплатницата испратете ја на факс или е-пошта (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) за побрзо процесирање на нарачката. Откако уплатата ќе се реализира на нашата сметка, ние ќе Ви ја испорачаме стоката.
 
Потоа кликнете на сликата со текст „ПРОДОЛЖИ“.
 
 
Одберете Начин на испорака
 
1. За нарачка со вредност поголема од 2.000 денари ИСПОРАКАТА Е БЕСПЛАТНА. Во овој случај треба да одберете соодветно во зависност од местото на испорака:
а) Во Скопје - Глобко Логистик (0,00 ден.), или
б) Надвор од Скопје во Македонија - Глобко Логистик (0,00 ден.)
 
2. За нарачка со вредност помала од 2.000 денари, треба да одберете соодветно во зависност од местото на испорака:
а) Во Скопје - Глобко Логистик (100,00 ден.) - значи дека за оваа услуга се наплаќа 100 денари, или
б) Надвор од Скопје во Македонија - Глобко Логистик (150,00 ден.) - значи дека за оваа услуга се наплаќа 150 денари.
 
Потоа кликнете на сликата со текст „ПРОДОЛЖИ“.
 
Сега можете да ја видите уште еднаш нарачката, а имате и поле во кое можете да впишете свој коментар или некоја забелешка која мислите дека е потребна. Нарачката можете да ја потврдете само ако ги прифатите Услови за користење и Услови за враќање на стока со означување на соодветното поле.
 
По кликнувањето на „ПОТВРДЕТЕ ЈА НАРАЧКАТА“ ќе добиете е-пошта, на адресата запишана во вашата регистрација, со детали од нарачката.
 
Во текот на истиот или следниот работен ден ќе бидете контактирани за испораката.
 
Своите нарачки можете да ги видите ако притиснете на „МОИ НАРАЧКИ И ПОДАТОЦИ“ доколку сте најавени на страницата (во горниот дел на левото мени, со зелена боја).
 
Ако имате прашања или забелешки слободно обратете се на телефон (02) 240 30 30 (пон.-пет. 09-16h) или на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во моментов...

Имаме присутни 53 гости и нема членови